Медведев: Санкциите се второстепен проблем за руската економија

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев смета дека проблемот на руската економија е во нејзината структура.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев во интервју за „Прв канал“ изјави дека санкциите не се главниот проблем на домашната економија, пишува на сајтот на владата на РФ, пренесува „Лента.ру“.

„Ќе ви кажам директно: лошо е, но тоа не е главното. Во нашата економија, како што е познато, со децении се насобраа структурни проблеми, односно деформации во самиот економски систем“, објасни рускиот премиер.

Тој истакна дека таквите задачи не можат да се решат дури ни за една деценија, затоа што „сегашната структура на руската економија ги има своите почетоци во советската економија која се формираше 50-60 години“.

„Се разбира, има и плусови, и минуси, но сепак таа бара реформи, а за тоа е потребно значително време. Затоа економските раст зависи од тоа колку успешни ќе бидеме во тие трансформации“, заклучи премиерот.

Сепак владата очекува дека негативните тенденции кои се формираа последниве години ќе се исцрпат, додаде Медведев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња