Ќе има војна на роботи и оператори, не на војници

Андреј Григорјев.

Андреј Григорјев.

Press Photo
Директорот на Фондот а перспективни истражувања, генерал-лајтнант и доктор на технички науки Андреј Григорјев зборува за тоа како ќе изгледаат војните во иднина, кога на првата линија на фронтот нема да се борат војници, ами цели единици борбени роботи со автоматско или далечинско управување кои подеднакво успешно функционираат на копно и на вода или под вода, во воздух или во космосот.

Кога може да се очекува прототипот на борбениот робот?

- Нашиот центар нема задача да прави борбени роботи и системи за нив. Тоа е задача на нарачателот, односно на Министерството за одбрана, на Федералната служба за безбедност, на Министерството за вонредни состојби итн. Наша задача е да направиме авионика без која овие роботи нема да функционираат, односно да ги обезбедиме основните уреди, интерактивна врска помеѓу операторите и роботите и сето останато. Министерството за одбрана најдобро знае каков борбен робот му е потребен. Важно е главниот конструктор што ќе работи на него да не прави робот „од нула“, ами да ги има сите компоненти, нешто како лего-коцки од кои брзо ќе ја направи потребната машина. Токму тоа е задачата на нашиот центар.

Постоечкиот борбен робот „Нерехта“ е фактички прототип на идната борбена платформа. Тоа не е она што ние го правиме за Министерството за одбрана. Тоа е борбена платформа кој ќе ја развиеме до оној степен до кој ќе се развиваат клучните технологии.

Борбениот робот „Нерехта“. Фотографија: Press photoБорбениот робот „Нерехта“. Фотографија: Press photo

Дали се подготвува проект за изградба на нова генерација на опрема на иднината под називот „Ратник“?

- На развојот на опремата за „Ратник 2“ работи Министерството за одбрана, а ние работиме на проект кој условно може да се нарече „Ратник 3“. Ние го нарекуваме „Легионер“, но подоцна, кога ќе биде готов, проектот може да добие и некое друго име. Суштината е во тоа што ние сега за првпат го разгледуваме стрелечкото оружје и личната заштита на нашиот војник во склоп на поголем и посериозен комплет, кој вклучува и оружје, и системи за врска, и средства за заштита од гелери и куршуми, и поквалитетна униформа што ќе биде удобна во сите климатски услови. Во склоп на проектот има и решенија поврзани за исхраната на војникот, средства за медикаментозна терапија, евакуација, дијагностика и ефикасно лекување независно од локацијата на која се наоѓа војникот. Ги оценуваме можностите за телемедицина и за медицинска роботика, со чија помош насекаде ќе може да се укаже квалитетна лекарска помош, да се испланира операција и лекување на војникот, дури и ако тој се наоѓа на друг континент. Хирурзите можат да ги „научат“ роботите како самите да ја извршат потребната операција.

Press Photo
Press Photo
Press Photo
 
1/3
 

Како според вас ќе изгледаат војните од иднината?

- Мислам дека сè поголем замав ќе зема роботизацијата. Тие војни практично ќе ги водат оператори и машини, односно нема да има војници кои ќе пукаат на боиштата едни во други. Воените задачи ќе се решаваат со минимални човечки загуби. Војникот постепено ќе станува оператор кој е оддалечен од првата борбена линија.

Какви се перспективите на чамците и на тенковите со автоматско или со далечинско управување?

- Нашето гледиште е дека иднината им припаѓа на системите со автоматско или со далечинско управување. Тоа ќе бидат мултифункционални машини кои оперираат во различни средини, а не како денес, само на копно или само во воздух... Тоа ќе бидат моќни роботизирани единици кои војуваат и на земја, и во воздух, и на вода, и под вода, и во космосот. И сето тоа ќе биде интегрирано во единствени набљудувачко-офанзивни системи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња