„Истрагата не може да се води однапред занемарувајќи некои верзии. Истрагата не може да се води поаѓајќи од парадигмата според која неколку минути по трагедијата на официјално ниво во извесни земји истапуваат и кажуваат дека Русија е виновна. Ако се води истрага врз основа на оваа парадигма, таа е осудена на необјективност, на неуспех“, изјави Песков телевизијата „Прв канал“, пренесува „Взгљад“.
Претходно МНР Холандија го повика амбасадорот на Русија заради објаснување на руските критики на истрагата за падот на „Боингот“ во Украина.
Кремљ го нарече овој чекор „добра вест“, затоа што „дијалогот е секогаш добар“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче