Поранешниот генерален секретар на НАТО и од неодамна советник на украинскиот претседател Андерс Фог Расмусен изјави дека се залага за стратешко партнерство меѓу Западот и Русија.
„Би сакал да нагласам дека генерално и Русија и Западот ќе бидат во добивка од соработката. И понатаму сметам дека партнерството е правилниот пат. И понатаму сметам дека треба да развиваме стратешко партнерство“, рече Расмусен.
Тој додаде дека е подготвен да се сретне со руски официјални лица и да разгледа цела низа актуелни проблеми.
„Конкретно, би сакал да го покренам прашањето за Крим, источна Украина, Грузија и другите случаи во кои Русија го крши меѓународното право“.
Расмусен се заложи за продолжување на контактите меѓу САД и Русија во решавањето на сириската криза. „Секако дека нема воено решение на кризата, затоа што е неопходно политичко решение. Исто така, мислам дека САД и Русија треба да воспостават дијалог. Тие се обидуваат да дојдат до прекин на огнот, но без успех, па затоа не сум оптимист по тој повод“, нагласи тој.
Одговарајќи на прашањето за целисходноста на воената соработка меѓу САД и Русија во Сирија, Расмусен ја поддржа, со мало оградување. „Сметам дека соработката е секогаш добра. Но мислам дека Русија треба да сфати дека нејзиното учество во Сирија не ја подобри ситуацијата“, рече тој.
Тој исто така изнесе став дека воената поддршка на Русија за сириската влада го „влоши и продолжи конфликтот“, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче