Обама и Меркел: Русија има „особена одговорност“ за Сирија

Претседателот на САД Барак Обама и канцеларката на Германија Ангела Меркел во телефонски разговор се согласија дека Москва и Дамаск сносат особена одговорност за ситуацијата во Сирија, соопштува Белата куќа.

„Тие (Обама и Меркел) искажаа заедничко гледиште дека Русија и сирискиот режим сносат особена одговорност за прекинот на огнот во Сирија и за организирањето на испораката на хуманитарната помош на ООН до опсадените и тешко достапни краишта“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад“.

Меркел и Обама исто така ги повикаа сириските власти и Русија да ја прекинат воената операција во Алепо поради која наводно страдаат цивили.

Покрај тоа, Обама и Меркел дискутирале за ситуацијата во Украина.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња