Командантот на либиската армија генерал Халифа Хафтар испрати писмо до Москва во која бара да се започне со испорака на оружје и опрема во земјата, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на извор близок до руските дипломатски кругови.
Според информациите на весникот, пораката на либискиот генерал била предадена до руската страна преку специјалниот пратеник на Хафтар, амбасадорот на Либија во Саудиска Арабија Абдел Басет ал-Бадри, кој во вторникот вечерта во Москва беше примен од специјалниот претставник на претседателот на РФ за Блискиот Исток и заменик-министер за надворешни работи на Русија Михаил Богданов.
„Таква средба навистина имаше. Ал-Бадри ја посети Москва на еден ден. Во текот на преговорите со Богданов се дискутираше за укинување на ембаргото и почеток на испорака на оружје. Либијците побараа да им се испрати не само мало и лесно оружје, но, исто така, техника, вклучувајќи и авиони...“, ги цитира весникот зборовите на својот соговорник.
Забраната за испорака на оружје на завојуваните страни во Либија беше воведена во 2011 година, во екот на востанието против Моамер ел Гадафи. Во јуни 2016 година Хафтар ја посети Москва и се сретна со секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Халифа Хафтар е на чело на армијата на Либија, лојална на избраната на избраниот парламент во 2014 година. Пратениците претходно одбија да ја поддржат владата на национално единство во Триполи поддржана од ОН. Голем број на области на земјата воопшто да не се контролирани од страна на централната власт, во Либија се активни милитантите на групата „Исламска држава“, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче