Борис Џонсон повикува РФ „конструктивно” да реагира за истрагата за МН17

Британскиот министер за надворешни работи исто така изјави дека е неопходно да се утврди идентитетот на оние кои ја издале наредбата за соборување на малезискиот авион.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон ја повика Русија „конструктивно” да реагира на заклучоците на истрагата за несреќата со малезискиот „Боинг“ во Украина.

„Денешните прелиминарни заклучоци од истрагата јасно покажуваат дека ракетата е произведена во Русија и истрелана од територија под контрола на сепаратистичките групи кои ги поддржува Русија. Ја повикуваме Русија конструктивно да реагира на заклучоците и на продолжение на истрагата“, изјави Џонсон, пренесува РТ.

Освен тоа, тој изјави дека е неопходно да се утврди и идентитетот на оние кои ја издале наредбата за соборување на малезискиот авион.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња