Наводите на холандските иследници за падот на малезискиот „Боинг 777“ во Донбас потврдуваат дека истрагата е пристрасна и политички мотивирана, изјави Захарова.
„Русија е разочарана што ситуацијата со истрагата за падот на „Боингот 777“ не се менува. Наводите на холандските иследници потврдуваат дека истрагата е пристрасна и политички мотивирана“, изјави Захарова.
Захарова исто така додаде дека истрагата за падот на „Боингот“ ги игнорира несоборливите докази доставени од страна на Русија.
„До ден-денешен истрагата продолжува да ги игнорира несоборливите докази на руската страна, и покрај фактот дека Русија е единствената која доставува точни информации и нови податоци“, додаде портпаролот на руското МНР.
Таа потенцираше дека заклучоците на холандското обвинителство се базирани на податоци доставени од Украина, која е заинтересирана страна во случајот.
„Русија на почетокот предлагаше заедничка работа и базирање единствено на факти. Наместо тоа меѓународните иследници ја отстранија Москва од целосно учество во истражниот процес, давајќи им на нашите напори само второстепена улога“, додаде Захарова.
Истовремено ја направија Украина член на заедничката истражна група и на тој начин ѝ подарија можност да ги фалсификува доказите и да ја сврти работата во своја корист“, се вели во коментарот на МНР Русија што го пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче