Чуркин: Договорот со САД за Сирија не е пропаднат

Договорот со САД за сириското решение не е пропаднат, но ситуацијата е извонредно сложена, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на ОН.

„Се надевам дека има можност“, изјави Чуркин, одговарајќи на прашањето за договорот за Сирија, пренесува „Взгљад“.

„Ние јасно ја означивме нашата позиција. Нам ни треба сериозен процес, без мамење, без луѓето да ги менуваат своите услови секои два дена. Договор имаше, и единственото што е потребни е негова реализација наместо промена на ставот. Ако тие продолжат да го прават тоа, тогаш е крајно сложено да се има сериозен процес“, изјави рускиот дипломат.

„Нашите западни колеги пред два месеци ни ветија дека ќе не известат за истрагата за нивното бомбардирање на сирискиот град Манбиџ каде, според соопштенијата, загинаа повеќе од 100 цивили“, изјави Чуркин, говорејќи во Советот за безбедност на ООН.

„Беше соопштено дека тоа беа француски авиони кои го  бомбардираа градот. Но, ниту француските колеги, ниту американските лидери на коалицијата не брзаат да известат за резултатите од таа истрага која ни ветија дека ќе ја спроведат. Веќе два месеци“, рече Чуркин.

На крајот на јули на состанокот Советот за безбедност на ОН постојаниот претставник на САД Саманта Пауер изјави дека ако се утврди дека „цивилите настрадаа во Манбиџ како резултат на нашите напади, ние ќе го признаеме тоа и ќе видиме кои чекори можат да се преземат“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња