Чуркин: Русија повеќе нема да се согласува на еднострани чекори за Сирија

Вонредна седница на Советот за безбедност на ООН за Сирија.

Русија повеќе нема да се согласи на еднострани чекори за Сирија, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин.

Враќањето на Сирија кон мир стана речиси невозможна задача, затоа што во земјата дејствуваат стотици вооружени групи, а нејзината територија ја бомбардира „секој кој ќе посака“, смета тој, пренесува РИА „Новости“.

Советот за безбедност на ООН ја разгледува ситуацијата во Алепо на вонредна седница која беше свикана на иницијатива на САД, Велика Британија и Франција во врска со офанзивата на сириската армија, која се бори за да ги истера од градот милитантите на „Џебхат ан-Нусра“ и таканаречената „вооружена опозиција“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња