Лавров: Спортот отсекогаш придонесува за зближување на народите

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во своето излагање во Генералното собрание на ОН изјави дека е недозволиво спортот, кој отсекогаш придонесува за зближување на народите, ги јакне пријателството и довербата, да биде претворен во заложник на политичките амбиции.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во својот говор пред Генералното собрание на ОН потсети дека во векот на просветленоста, каков што е 21  век, едноставно непристојно е сите редум да бидат поучувани, а некој за себе истовремено да го задржува правото како на допинг, така и на исклучителните авантури со кои се заобиколува ОН, но и на геополитичките експерименти кои се плаќаат со милиони човечки животи.

„Сферата како што е спортот, кој отсекогаш придонесува за зближување на народите, ги јакне пријателството и довербата, е апсолутно недозволиво да биде претворена во заложник на политичките амбиции“, смета Сергеј Лавров.  

Шефот на руската дипломатија укажа на присутните дека во денешниот свет е невозможно да се раководиме според филозофијата на јунаците од антиутопијата на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, во која сите се еднакви, но некои се „поеднакви“, пренесува РТ на руски

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња