Во пожар во Москва загинаа осум пожарникари

Спасувачите ги најдоа телата на осумте колеги кои исчезнаа во текот на пожарот во склад пластични производи на истокот на Москва, соопшти оперативниот штаб на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Склад со пластични производи се запали во реонот Голјаново и зафати површина од четири илјади квадратни метри. Во гаснењето на пожарот учествуваа 160 пожарникари и 46 единици техника. По рушењето на покривот на зградата исчезнаа осум припадници на Министерството за вонредни состојби на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Телата се откриени на местото каде што претпоставувавме, каде беше фокусирана основната потрага“, изјави соговорник на агенцијата.

Како што соопштува МВС, загинатите пожарникари работеле на покривот. Тие биле меѓу првите пристигнати на местото на пожарот, извршиле проценка на местото и спасиле повеќе од сто работници во складот.

Во моментов пожарот е изгаснат, продолжува работата за расчистување на последиците од пожарот.

Покрената е кривична истрага за нарушување на противпожарната безбедност. Засега се разгледуваат две верзии – невнимателно ракување со оган и краток спој.

На интернет се појави и видео од настанот кое можете да го погледнете овде.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња