Крим, 27 март 2015. БЕ-200.
Алексеј Павлишак / ТАССВо Русија започна производството на модернизираниот авион за потребите на Министерството за вонредни состојби. Моделот БЕ-200 е усогласен со новите потреби и сега тоа е БЕ-200ЧС – првиот руски авион-амфибија кој влезе во сериско производство.
На почетокот беа предложено многу различни варијанти за комплетирање на опремата и за користење на идното летало. Извесно време дури и се водеа преговори со компанијата „Ролс ројс“ за производство на моторот, со цел овој модел да може да се понуди и на западниот пазар.
Меѓутоа, раководството на Министерството за одбрана и на Министерството за вонредни состојби на РФ донесоа одлука целото производство да им се довери на руските претпријатија, со цел да се избегне зависност од политички прашања.
Според воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литовкин, ваквиот потег му помогнал на производителот да ги избегне последиците од воведувањето санкции од страна на Западот, но од друга страна му ја ограничил можноста да го продава авионот на странските пазари.
„Одлуката БЕ-200ЧС да се склопува во целост од делови од домашно производство не му дава на авионот можност да излезе на западниот пазар зашто купувачот мора да смета и на скапите резервни делови. Сега авионот е предвиден за домашниот пазар и за земјите од Југоисточна Азија“, истакнува експертот.
Според него, авионот може да носи товар со максимална вредност од 8.000 килограми и 12 кубни метри вода (12 тони – заб. ред.) во резервоарите за гаснење пожар.
„Главната особеност на авионот-амфибија е во тоа што тој може да користи водна површина за полетување и за слетување, и во тоа што во таква ситуација зафаќа вода и ги полни со неа резервоарите. Според тоа, потенцијални купувачи се земјите што имаат широки реки и езера, зашто солената вода ги уништува дрвјата за време на гаснење на пожарот“, додава Сафонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче