Обама изјави дека Русија „насила си ја враќа старата слава"

Претседателот на САД Барак Обама изјави во Генералното собрание на ООН дека Русија „си ја враќа старата слава насила“.

„Гледаме дека Русија сака да си ја врати старата слава“, изјави Обама пред Генералното собрание на ООН, зборувајќи за проблемите на современиот свет. Тој, меѓутоа, не наведе ниту еден детаљ или аргумент со кој би го поткрепил своето излагање.

Претседателот на Русија Владимир Путин често изјавуваше дека Москва е отворена за конструктивен дијалог со сите земји и дека тежнее кон мир. Според него, Русија во секој момент е подготвена за комплетна соработка со САД, но дека таа ќе зависи од политиката на новото раководство на САД.

Рускиот лидер нагласи дека САД, решавајќи за многу прашања, не бараат мислење од другите земји. Меѓу другото, според него, тоа се однесува на проширувањето на НАТО, едностраното излегување од Договорот за противракетна одбрана и други факти, пренесува РИА „Новости“.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња