Путин објасни зошто САД не сакаат да го објават договорот за Сирија

САД сакаат да го одржат борбениот потенцијал во борбата против легалните власти на Башар Асад и затоа се обидуваат да заштитат дел од вооружената опозиција, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Според претседателот на РФ Владимир Путин, САД не сакаат да го објават договорот за Сирија затоа што во тој случај ќе биде јасно кој што не исполнува.

„Русија и САД треба бидат чесни едни спрема други за Сирија, но не сфаќам зошто се против објавувањето на договорот“, истакна тој. Шефот на руската држава исто така рече дека САД се секогаш за отвореност и транспарентност, но во овој случат отстапуваат од тој постулат, пренесува „Взгљад”.

Според него, САД се соочуваат со потешкотии во Сирија, затоа што не можат да го одвојат делот на опозицијата од полукриминалните структури. Тој истакна дека Русија не гледа обид за разграничување на опозицијата од терористите во Сирија, туку дека тоа е обид за прегрупирање на терористите.

„Според мене, тоа произлегува од желбата да се одржи борбениот потенцијал во борбата против легалните власти на Башар Асад, но тоа е многу опасен пат, опасен правец за развој на настаните. Изгледа дека нашите американски партнери повторно ги прават истите грешки“, изјави Путин.

Притоа, според рускиот претседател, Русија и САД имаат заедничка желба во Сирија да биде постигнат мир и заедничката цел, а тоа е борбата против тероризмот. Тој истакна дека Москва има позитивен став за договорот за Сирија. „Очекуваме дека Вашингтон ќе ги исполни своите ветувања“, рече Путин.

„Што се однесува до Русија, таа во целост ги исполнува своите обврски. Освен тоа, ние постигнавме договор и со претседателот на Сирија Башар Асад, со владата на Сирија. Како што гледаме, сириската војска се придржува до овие договори“, истакна Путин.

Претходно помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков соопшти дека Москва и Вашингтон се договориле засега дел од договорот меѓу Русија и САД да остане затворен за јавноста.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња