Економистот Ричард Волф вели дека острите изјави на Обама на сметка на Трамп се поврзани со обидот на демократите да ја стабилизираат несигурна позиција на Хилари Клинтон во битката за претседателската функција.
„Мислам дека Обама се надева дека противниците на Русија ќе бидат на негова страна и ќе ја поддржат Хилари Клинтон во нејзините обиди да дојде до претседателската функција. И тој ќе каже сѐ што треба за да ѝ помогне во тоа. Пред неколку дена Клинтон доживеа серија на неуспеси, меѓу другото, ги оцени луѓето кои го поддржуваат Трамп и даде изјава за својата здравствена состојба. Мислам дека тие (штабот на Хилари Клинтон) малку се вознемирија и затоа го притискаат Обама, барајќи од него да ја заостри својата реторика и да ѝ помогне на тој начин на Клинтон во борбата за Белата куќа“, вели Волф за РТ.
Коментирајќи ги изјавите на Обама за Русија и Трамп, политикологот, уредник на изданието Defense & Foreign Affairs Грегори Копли признава дека не памети изборна кампања во која актуелниот претседател се однесува спрема претставниците на опозициската партија и нејзиниот лидер како спрема државни непријатели.
„Тоа е едноставно смешно. Напаѓајќи го Трамп поради симпатии спрема Русија, Обама подготвен да ја жртвува иднината на руско-американските односи заради победа на изборите“, вели Копли за РТ.
Директорот на компанијата Country Risk Solutions, експерт за прашања од меѓународната политика и економија Даниел Вагнер го гледал интервјуто на Трамп за РТ и не нашол во него ништо вредно за осуда.
„Не разбирам најдобро зошто во Америка се смета дека е автоматски лошо сѐ што е поврзано со Русија. Но, за жал, тоа е така. Американците не ги сфаќаат реалиите на модерниот свет, не знаат дека во него имаат право на постоење различните медиуми. Не знаат дека РТ е еден од најголемите светски медиуми, ориентиран кон широката публика. Да сум на местото на Доналд Трамп сигурно би се појавил во програмата на таква телевизија. И да сум на местото на Хилари Клинтон би го сторил истото“, вели Вагнер.
Во вчерашниот настап во Филаделфија Барак Обама ја поддржа Хилари Клинтон и го критикуваше Трамп затоа што се согласил на интервју со познатиот американски новинар Лари Кинг во програмата PoliticKing на ТВ-каналот РТ (RT). Трамп зборуваше за изборите во САД, за тоа дали на нив влијае Русија, неговиот однос кон Хилари Клинтон и последиците од војната во Ирак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче