Русија одбива да ѝ го прости долгот на Украина

Украина мора да го врати долгот на Русија, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Украина е должна да го врати долгот на Русија и во однос на ова прашање позицијата на Кремљ останува непроменета, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.

„Позицијата на Кремљ воопшто не е изменета. Станува збор за суверен долг, потврден суверен долг на Украина кој подлежи на враќање“, изјави Песков.

Претходно министерот за финансии на Русија Антон Силуанов во понеделникот изјави дека Русија ќе гласа против наредната транша финансиска помош за Украина, затоа што должничкиот спор меѓу двете земји сѐ уште не е сервисиран.

Се очекува ММФ да го разгледа прашањето за продолжување на програмата за финансиска помош на Украина на 14 септември.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња