Почнаа заедничките поморски вежби на Русија и Кина

Заменик-командантот на Воено-поморската флота на Русија вице-адмирал Александар Федотенков ги коментираше маневрите „Поморска соработка 2016“.

Заменик-командантот на Воено-поморската флота на Русија вице-адмирал Александар Федотенков ги коментираше маневрите „Поморска соработка 2016“. Според него, маневрите ќе овозможат зацврстување на заедничката одбрана на Русија и Кина, пренесува РИА „Новости“.

Првите руско-кинески поморски маневри се одржаа во Жолтото море во април 2012 година. Тогаш во нив учествуваа 25 бродови и подморници, 13 авиони, девет хеликоптери и специјални единици.

Федотенков истакна дека маневрите годинава не се разликуваат од претходните маневри.

„Секој пат ги зајакнуваме основите на нашата соработка, системите за управување, обезбедувањето на целосна јасност во дејствијата на командирите на единиците“, истакна вице-адмиралот.

Тој особено истакна дека воените вежби со Кина не се насочени против никого. Според него, маневрите се предвидени, пред сѐ, да ги заштитат интересите на двете земји и да ја осигураат безбедноста во светските води. 

„Многу е добро кога две земји, силни големи држави, соработуваат“, изјави Федотенков.

„Тоа е соработка за борба против пиратите и осигурување на бродската пловидба“, додаде вице-адмиралот, потенцирајќи дека маневрите се одржуваат во мирни цели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња