Медиум: САД ѝ упатија на Русија „последен предлог“ за Сирија

„Вашингтон Пост“ пишува дека САД ѝ испратиле на Русија план за Сирија.

Вашингтон ѝ испрати на Москва „последен предлог“ за решавање на сирискиот конфликт, соопштува весникот „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на извори во администрацијата на Барак Обама.

Според соговорниците на изданието, предлогот на САД до Русија може да се спореди со ултиматум. Американците изјавиле дека нивното трпение во обидите да се склучи договор е веќе при крај.

Според весникот, американскиот план се состои од неколку точки. Главната точка е постигнување целосно примирје во Сирија. Исто така Вашингтон предлага прекин на сите летови на сириската авијација и почеток на заедничка воздушна операција на Русија и САД против терористите.

Притоа весникот истакнува дека изворите во Белата куќа не прецизираат што ќе следи во случај и тие предлози не бидат прифатени од страна на Москва.

Ситуацијата во Сирија беше главна тема на разговорот меѓу претседателите на Русија и САД на самитот на Г-20 во Кина. Тогаш Владимир Путин и Барак Обама им порачаа на шефовите на своите дипломатии да ги продолжат преговорите на таа тема.

Во телефонски разговор Сергеј Лавров и Џон Кери се договорија да се сретнат на 8 и 9 септември во Женева. Стејт департментот не можеше да ја потврди оваа информација.

„Официјалните лица на САД дадоа до знаење дека не гледаат смисла во уште една преговарачка сесија ако Русија не го промени својот став“, истакнува „Вашингтон Пост“, коментирајќи ја позицијата на Стејт департментот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња