Претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со премиерот на Велика Британија Тереза Меј изјави дека Велика Британија ја очекуваат сложени задачи, како и другите земји, и изрази надеж дека ќе се успее билатералните односи да бидат подигнати на повисоко ниво и во политичката сфера, и во економијата, пренесува РИА „Новости“.
„Многу ми е мило да се сретнам со Вас и да Ве запознам лично. И да Ви го честитам изборот за премиер на Велика Британија. На сите им е јасно дека пред Вас и пред Вашиот тим стојат сложени задачи, но пред нас, пред сите стојат сложени задачи. Ви посакуваме успех и се надеваме дела ќе успееме да ги подигнеме нашите билатерални односи на повисоко ниво од она на кое се наоѓаат денеска. Има со што да се занимаваме и во политичката сфера, и во сферата на економијата“, изјави Путин.
Подоцна министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев, кој исто така присуствуваше на средбата, изјави дека Путин и Меј разговарале за прашања од безбедноста, борбата со тероризмот, ситуацијата во Сирија, „се бараа допирни точки каде може да се обнови дијалогот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче