Оланд жали за санкциите против Русија

Претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека жали за влошувањето на односите со Русија и дека укинувањето на санкциите е во интерес на сите.

„Украинската криза влијаеше на односите на Русија со европските земји. На мој поглед, ситуацијата заслужува жалење, затоа што им нанесува штета на сите страни, на пример, на заедничките економски проекти, поради санкциите. Затоа сме сите заинтересирани што е можно побрзо да го најдеме најдобриот излез од оваа ситуација“, изјави Оланд, говорејќи пред француските амбасадори на годишната конференција на МНР Франција.

Политичарот истакна дека врските меѓу Франција и Русија отсекогаш биле тесни и сигурни, пренесува РИА „Новости“.

Оланд исто така изрази надеж дека може да се воспостави високо ниво на односите, истакнувајќи дека Москва одговорно пристапува кон решавање на кризите, на пример, во Сирија и Украина. Според зборовите на францускиот политичар, тој се надева на скора обнова на дискусиите во „Нормандиски формат“ (Русија, Франција, Германија и Украина).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња