Косачов: Рускиот свет се соочи со невиден притисок

Шефот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов смета дека во денешно време рускиот свет се соочува со невиден надворешен притисок.

Косачов е убеден дека обединувањето на Русите од целиот свет и луѓето кои се сметаат себеси за Руси по духот и културата се поддршка на изборот во полза на демократијата, суверениот развој и „рускиот свет како цивилизациска основа на глобалната нација“. Тој додава дека концептот на рускиот свет не е освојувачки, туку обединувачки и не е во спротивност со другите нации, пренесува РИА „Новости“.

„Но, ние се соочивме со невиден притисок. Притоа во игра се секакви, највалкани сценарија. Почнувајќи од кампањата на хајка на Олимписките игри во Сочи (под совршено дивиот изговор – дискриминација на хомосексуалците, кој сега се сеќава на нив?) и завршувајќи со отстранувањето на лицата со хендикеп од учество во Параолимписките игри во Рио“, напиша политичарот на својата страница на „Фејсбук“.

Косачов е убеден дека рускиот свет може да издржи со поддршка од „целата руска цивилизација“. Неопходно е да се воспоставуваат пријателски врски со другите народи и да се разјаснат вредностите кои ги праќа Москва за да се избегнат грешки, истакнува тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња