Зградата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во Москва. Извор: AFP/EastNews.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 12 февруари годинава ја потврди новата редакција на Концептот за надворешна политика на РФ. Нацртот на Концептот беше усогласен со ресорите што најактивно учествуваат во меѓународната дејност, разгледан е во одделенијата на Администрацијата на претседателот на Русија. За негова изработка беше поканета руската експертска јавност, вклучувајќи ги и членовите на Научниот совет при министерот за надворешни работи.
Главниот исход од овие разговори е сфаќањето дека современиот самостоен надворешнополитички курс на нашата земја, всушност, е со безалтернативен карактер. Со други зборови, ние дури и хипотетички не можеме да ја разгледуваме варијантата на „прицврстување“ на Русија во улога на потчинет на некој друг клучен играч на меѓународната арена.
Независноста на надворешната политика на Русија е условена од нејзините географски размери, од уникатната геополитичка положба, повеќевековната историска традиција, култура и самопознавањето на нашиот народ. Ваквиот курс е исто така резултат на последните дваесет години од развојот на земјата во новите историски услови, од тој период кога по цена на експерименти и грешки успеа да се формулира филозофијата на надворешната политика, која во најголем степен им одговара на интересите на Русија во современата етапа.
Главна задача на меѓународната активност на Русија е создавање на благопријатни надворешни услови за подигнување на економијата, нејзино пренесување на патот на иновациите, зголемување на животното ниво на луѓето.
Очигледно е дека целта за обезбедување постепено зголемување на потенцијалот на земјата може да се постигне само во услови на меѓународна стабилност, па затоа за Русија обезбедувањето на општ мир и сигурност е истовремено обврска како глобален играч, постојан член на Советот за Безбедност при ООН, а таа стабилност исто така е и клучно прашање за реализација на сопствените интереси.
Во врска со тоа треба да се слушаат прекорите за конзервативизмот на нашата надворешна политика, во стремежот да се заземе губитничката позиција на статус-квото кое неизбежно се менува. Ова е јавно извртување на руските надворешнополитички доктрини.
Ние тргнуваме од тоа дека светот се наоѓа во состојба на остри пресврти, влезен е во епоха на коренити промени, чиј резултат практично не може да се предвиди.
Во ваквата ситуација очигледен е изборот: или заострување на меѓукултурните, меѓуцивилизациските тензии со перспектива тие да прераснат во отворен судир или, пак, продлабочување на заемното почитување, на рамноправниот дијалог со цел унапредување на партнерство на цивилизациите.
Ние сме убедени дека најсигурен начин да не се допушти преминот на глобалната конкуренција во форма на конфронтација со сила е неуморно да се работи во интересите на обезбедување на колективно лидерство на водечките земји во светот, кое треба да биде претставено во географските и во цивилизациските односи.
Ние дури и хипотетички не можеме да ја разгледуваме варијантата на „прицврстување“ на Русија во улога на потчинет на некој друг клучен играч на меѓународната арена.
Активноста на руската дипломатија е насочена кон обезбедување позитивно влијание врз глобалните процеси во интерес на формирање на цврст, а во идеална ситуација саморегулирачки полицентричен систем на меѓународни односи, во кој на Русија со право ѝ припаѓа улогата на еден од клучните центри. Ние сме подготвени за сериозен сестран дијалог со сите заинтересирани партнери со тоа што никој нема да може да претендира на право на монопол врз вистината.
Русија е силен поддржувач на методот на мрежна дипломатија, која претпоставува создавање флексибилни, па и преклопни групи држави во соодветство со нивните заеднички интереси. Еден од успешните примери на формирање слични групи со учество на повеќе држави кои се наоѓаат на различни континенти, е секако БРИКС.
Во периодот од 2013 до 2015 година, како претседавач на „Групата дваесет“, „Групата осум“, на Шангајската организација за соработка, на БРИКС, нашата земја води енергична линија на зголемување на ефикасноста на придонесот во овие мултилатерални формати за зацврстување на глобалното управување. Ова е едена од практичните пројави на повеќевекторноста на надворешнополитичкиот курс на Русија.
Русија во согласност со својата традиција продолжува да ја игра улогата на балансирачки фактор во меѓународните работи, а потребата од тоа е потврдена од поголемиот дел од нашите партнери. Ова се објаснува не само со меѓународната тежина на земјата, туку и со тоа што ние имаме сопствено мислење за настаните што се случуваат, а кое се засновува на принципите на правото и на праведноста.
Зголемената привлечност на Русија е поврзана и со зголемувањето на потенцијалот на нејзината „мека сила“ како земја со извонредно богато културно и духовно наследство со уникатни можности за динамичен развој, кој развива продуктивна интеракција со многумилионскиот Руски свет.
Москва е убедена дека во ставовите на водечките меѓународни играчи за најострите проблеми на современоста има многу повеќе заедничко, одошто различно.
Москва е убедена дека во ставовите на водечките меѓународни играчи за најострите проблеми на современоста има многу повеќе заедничко, одошто различно, особено кога не станува збор за тактичките пристапи, туку за конечните цели. Денес сите се заинтересирани за намалување на зоните на меѓународни и внатредржавни конфликти, за решавање на проблемот со нераспространување на оружјето за масовно уништување и на средствата за нивна испорака, за ограничување на можностите за терористички и екстремистички групирања.
Соодветно, станува збор за тоа на крајот навистина, а не на зборови да се надмине индивидуалниот или групниот егоизам и да се осознае одговорноста на сите за судбината на човечката цивилизација.
Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Руската Федерација.
Скратен текст. Оригинал - http://interaffairs.ru/read.php?item=9274
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче