На североистокот на Москва се запали магацин при што, според првичните податоци, загинаа 17 лица, соопшти за РИА „Новости“ извор во службите за брза помош на главниот град.
Според изворот, сите загинати се државјани на ЗНД.
Телата на 16 лица се откриени во просторијата за спиење на четвртиот кат на зградата.
Четири лица се здобиле со повреди и се пренесени во Институтот за брза помош „Скилософски“. Подоцна беше соопштено дека една од евакуираните починала.
Пожарот е локализиран.
Како што соопштија за агенцијата во московското одделение на Министерството за вонредни состојби, загинатите се наоѓале во блокирана просторија и спасувачите морале да направат отвор во ѕидот. Според изворот, загинатите починале од задушување со чад додека спиеле.
Во моментов се врши истрага за околностите и причината за пожарот и е поведена кривична постапка.
Се разгледуваат неколку верзии за настанот – технички дефект, дефект на апаратите за домаќинство и друго. Како првична причина за пожарот се наведува краток електричен спој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче