Американски генерал: Русија сака да го разниша НАТО

Шефот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд ја повтори позицијата на Вашингтон дека главни закани за безбедноста на САД се Русија, Кина, Иран, Северна Кореја и екстремизмот.

Русија има за цел поткопување на единството на НАТО, изјави шефот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд.

Говорејќи пред студентите на Националниот унверзитет за одбрана во Вашингтон, Данфорд „изрази загриженост по повод дејствијата на Русија на Крим, како и нејзините закани во однос на Грузија и Молдавија и помошта (на владата) на Сирија“, соопштува прес-службата на Пентагон, а пренесува РИА „Новости“.

Според информациите на американскиот одбранбен ресор, Данфорд го нарекува тоа обид „да се поткопаат позициите на најуспешната алијанса во историјата – НАТО“.

„Русија се обидува да ја разниша“, изјави американскиот генерал.

Данфорд исто така ја повтори позицијата на Вашингтон дека главни закани за безбедноста на САД се Русија, Кина, Иран, Северна Кореја и екстремизмот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња