Путин, Меркел и Оланд разговараа за украинската криза

Претседателот на Русија Владимир Путин, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд дискутираа за проблематиката на украинската криза, вклучувајќи ги перспективите за продолжувањето на минскиот процес, соопшти Кремљ.

„Се дискутираше проблематиката на внатрешната украинска криза, вклучително и перспективите за продолжување на минскиот процес врз основа на синхронизација на политичките чекори и соодветните мерки во сферата на безбедноста“, се вели во соопштението на сајтот на Кремљ.

„Акцентирана е важноста од законодавното зајакнување на постојана основа на посебниот статус на Донбас, спроведувањето на уставната реформа и амнестијата, организирањето на локалните избори. Сите овие прашања треба да се усогласат во контакт-групата, каде Киев има можност да води директен дијалог со Донецк и Луганс“, соопштува Кремљ за резултатите од разговорите, а пренесува „Взгљад“.

„Изразена е вознемиреност од континуираната нестабилност на линијата на разграничување на страните и систематичните нарушувања на примирјето. Истакната е неопходноста од строго почитување на договорот за прекин на огнот и повлекување на тешкото вооружување под контрола на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ, како и преземање на мерки за понатамошна деескалација на ситуацијата, вклучувајќи го и распоредување на сили и создавање демилитаризирани зони“, се вели во соопштението.

Владимир Путин им укажа на партнерите на грубата провокација на украинската страна која испрати на почетокот на август на територијата на Руската Федерација група диверзанти за извршување терористички напади. „Склоноста на Киев кон таков вид насилни дејствија им нанесува штета на минскиот процес и соработката во рамките на „Нормандискиот формат“, потенцира Кремљ.

Лидерите на трите држави се договорија да ги продолжат личните контакти за украинското прашање и, особено, да одржат заедничка средба на маргините на претстојниот самит на Г-20 во Кина кој треба да се одржи на 4-5 септември.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња