Може ли руски филм за 10 милиони долари да изгледа како за 100

Kinopoisk.Ru
Во блокбастерот „Посада“ на Николај Лебедев, кој ќе биде емитуван во странство по успехот во Русија, патниците се прекачуваат од еден авион во друг во воздухот.

Филмот „Посада“ за руската филмската индустрија е уникатен случај: овој технички сложен блокбастер всушност изгледа на нивото на најдобрите холивудски „филмови со катастрофи“.

Ова е приказна за патнички авион кој треба да превезе луѓето од огнениот аеродром на вулканскиот остров. Приказна, во која возбудливиот заплет се развива и со помош на јарки карактери. Тричасовната акција е со буџет од 10.3 милиони американски долари. При емитувањето во Русија се натпреваруваше со холивудски блокбастер и собира импресивен за руските кина број гледачи - околу 5.5 милиони.

Некои го сметаат филмот за римејк на познатиот истоимениот филм, снимен од Александар Мита во 1979 година кој во СССР собра над 70 милиони гледачи. Но, слични се само некои мотиви од заплетот: земјотресот, луѓето во стапица. Во принцип тоа е сосема поинаква приказна, смета режисерот на филмот Николај Лебедев:

Н.Л .: Да го снимаш одново советскиот „Посада“ е исто толку бесмислено како да правиш римејк на „Амаркорд“ на Фелини - ова се уникатни дела. Истовремено ниту проблематиката на седумдесеттите години од минатиот век, ниту ликовите можат да бидат пренесени во постсоветска Русија. Нашиот филм е за обични луѓе, чиј живот е тежок.

Секогаш ме интересирале човечките драми во позадината на големиот спектакл - балот во филмот е раководен од приказна која ги возбудува гледачите. Се разбира, се појавуваат нови технологии, но основата на расказот од времињата на Аристотел не е променет: најважен е развојот на драмата, а дали користиме макети како Мелие или современа компјутерска графика не е толку важно.

Каде е снимен филмот и каде се овие острови, кадешто се случува земјотресот?

Н.Л .: Условно местото на дејствието го означивме како реонот на Алеутските острови. Ладен крај, нема жители, но има меѓународна концесија и на смени се работи во металуршкиот комбинат. Но, еруптира вулкан и луѓето се во неволја - Руси, Американци, Французи, Германци, Кинези... Во филмот учествува интернационален тим: актери од различни земји, снимателот Ирек Хартович е Американец, продуцентскиот тим е руски.

Во врска со сцените – се договоривме со московскиот аеродром Внуково, тие се заинтересираа за идејата и дозволија да ги направиме најважните сцени. За екстремните епизоди во подмосковскиот градот Жуковски беше изграден аеродромот кој требаше да се урне, таму беа донесени авиони - и отпишани, и функционални. Сето ова беше разнесено, опожарено, разрушено, паѓаа тавани и подови...

Во филмот се чувствува вашата режисерска страст: имаше чувство дека играте некоја омилена игра, без да обрнувате многу внимание дека настаните не се развиваат сосема реално...

Н.Л .: Страста навистина беше огромна и во голема мера беше условена од мојата детската љубов кон филмот „Посада“ на Мита - првиот советски „филм со катастрофа“. Тој ме потресе до тој степен што цел живот сакав да снима нешто слично. Буквално копнеев за филм со катастрофа: уште како ученик си направив аматерски сет, правев таму пожари, правев какви ли не глупости и си сонував да го снимам тоа на големото платно.

Но, стигнав до својата „Посада“ и сфатив колку е тешко кога сè експлодира и гори, кога на аеродромот дува студен ветар, се движат огромни толпи луѓе и кога постои реална опасност. Два месеци снимавме само ноќе, верувајте ми, тоа не е за луѓе со слаби нерви.

А, што се однесува до реалистичноста на настаните и за сличноста со стварноста, секогаш ми се чинело дека филмот во моментов се обидува да ја покаже сличноста со стварноста онаму каде што не треба да постои. Филмот кој едноставно го репродуцира секојдневниот живот, врзан за нас, гледачите, за земјата, и не лишува од крилјата.

Која од сцените на филмот беше најтешка, технички или едноставно човечки?

Н.Л .: Тешко се снима катастрофата. И во техничка и во режисерска смисла тоа е огромен предизвик. Таа сцена е огромна, трае над еден час, но треба да се земе како едно цело: вдишувате и издишувате дури по успешното слетување на авионот. Тоа е тешко да се измисли, тешко е да се реализира и технички е тешко да биде снимено. Тешко е да се претстават промените во карактерите на ликовите без да бидат пропуштени нијансите. Цело тоа време практично немав спиено бидејќи снимавме навечер, а во текот на денот не успеваш да поспиеш, а и организмот се спротивставува.

Тешки и опасни се и внатрешните сцени, каде што сè се урива од огнот. Беа изградени специјални конструкции, кои требаше да се урнат токму во потребниот момент, а не порано, кога таму се наоѓаа ликовите од филмот. Ако поради некоја неточност тие се урнеа во моментот кога таму се наоѓаат актерите би се случила трагедија. Затоа сè беше пресметано прецизно.

А, како режисер ми беше тешко да дадам оправдување за приказната со прекачувањето на патниците од авионот за време на летот. Кога еден од ликовите ја предлага таа идеја во филмот, во салата обично се слуша смеа – тоа би било невозможно! Но, кога оваа сцена почнува да се развива, смеењето престанува: начинот на кој оваа акција е претставена на екранот прави да се соживееш и да веруваш во успехот на оваа безумна идеја. За мене беше важно да го убедам гледачот во можноста на невозможното, да го натерам да ја преживее оваа приказна емоционално.

Кога го гледаме „Хамлет“ на Шекспир, разбираме дека во реалноста тешко дека би дошол духот кај принцот и би го поучувал. Но, веруваме во емоционалната вистина на моментот. Така е и тука: за мене беше важно да ја оправдам ситуацијата емоционално. Откако ја видов реакцијата во салата, сфатив дека сме се справиле со оваа задача...

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња