Новиот командант со американските сили во Сирија и Ирак генерал Стивен Таунсенд ги предупреди Москва и Дамаск дека САД ќе ги штитат своите специјални сили на северот на Сирија доколку се врши гранатирање врз реоните каде тие ќе бидат распоредени, пишува Си-Ен-Ен.
„Ги информиравме Русите каде се наоѓаме. Тие ни соопштија дека ја информирале сириската страна. Јас само ќе кажам дека ние ќе се браниме доколку почувствуваме закана“, изјави Таунсенд во телефонското интервју за телевизијата.
Во истиот разговор со новинарите новиот командант раскажа дека терористичката група „Исламска држава“ може да биде разбиена веќе догодина, макар што призна дека тие планови звучат премногу амбициозно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче