САД ја повикаа Русија да не се доближува до американски бродови

Пилотите од руските воздушно-космички сили треба да си ја вршат својата работа подобро и да не дозволуваат опасно приближување кон американски бродови.

Пилотите од руските воздушно-космички сили треба да си ја вршат својата работа подобро и да не дозволуваат опасно приближување кон американски бродови. Ова го изјави во средата министерот на ВВС на САД Дебора Ли Џејмс, пренесува изданието „Взгляд“.

„Професионалните воени пилоти не прават маневри над авиони-разузнавачи. Тие не прелетуваат на ниска височина над бродови кои се наоѓаат во меѓународните води. Русија може и треба да го прави сето тоа подобро“, изјави Џејмс на брифингот за странски новинари во Њујорк.

Во последниве шест месеци руски авиони постојано прелетуваат во близина на американски бродови и се пресретнувани од авиони-разузнавачи. Во април Пентагон најави дека руски борбен Су-27 пресретнал американски авион-разузнавач RC-135 над неутрални води во Балтичкото Море. Според САД руската машина извршила „беспрецедентни и агресивни маневри“.

Малку потоа руски Су-24 на неколку пати се приближи до миненосецот „Доналд Кук“, кој беше на зедничка воена вежба со Полска, во неутралните води на Балтичкото Море. Според портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, авионите исполнувале плански летови за обука на околу 70 километри од руската воено-морска база. Тој увери дека летовите на руските авиони се вршат строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња