Путин за настаните на Крим: Украина премина на тероризам

Украина наместо да бара начини за мирно решение, премина на терор, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи за обидот за навлегување на Крим што го направија диверзантско-терористички групи организирани од Министерството за одбрана на Украина ноќта на 8 август.

„Многу вознемирувачка информација, навистина, нашите специјални служби спречија навлегување на територијата на Крим на диверзантско-терористичка група на Министерството за одбрана на Украина“, изјави тој на прес-конференцијата по разговорите со претседателот на Ерменија Серж Саргасјан, пишува „Взгљад“.

 „Се разбира, во такви услови средба во „Нормандиски формат“, уште повеќе во Кина, е бесмислена“, изјави Путин.

„Од руска страна во текот на спречувањето на терористички чинови на Крим загинаа двајца војници, ние на такво нешто нема да замижеме“, рече претседателот на Русија.

„Мислам дека за сите е веќе очигледно дека сегашните киевски власти не бараат начини за решавање на проблемите по пат на преговори, туку преминуваат на тероризам. Тоа е многу алармантно“, потенцираше Путин.

„На прв поглед, се чини, тоа е глупава криминална акција. Глупава, затоа што е невозможно позитивно да влијае на луѓето кои живеат на Крим, на тој начин, а криминална затоа што може да загинат луѓе“, смета Путин.

„Но мислам дека всушност ситуацијата е уште поалармантна, затоа што нема никаква друга смисла спроведувањето такви акции освен одвлекување на вниманието на сопствениот народ од несреќната положба на економијата, од несреќната положба на значителен број граѓани на својата земја, никаква друга смисла нема“, додаде тој.

„Судејќи според се, луѓето кои ја грабнаа власта во свои раце во Киев и продолжуваат да ја држат, место да ги бараат оние исти компромиси за кои зборувавме во однос на нагорно-карабашкото регулирање, место да бараат начини за мирно решавање, преминаа да практикуваат тероризам“, изјави Путин.

„Во тој контекст ние го гледаме атентатот врз раководителот на Луганската област, тоа е веќе атентат на територијата на Крим“, додаде рускиот претседател.

„Ние се разбира ќе сториме сѐ за да ја осигураме безбедноста на инфраструктурните објекти и на граѓаните, ќе преземеме дополнителни мерки за осигурување на безбедноста. Сакам да кажам дека тоа ќе бидат сериозни дополнителни мерки и не само тоа“, потенцираше Путин.

Според него, Европа и САД треба да преземат конкретни чекори за да влијаат на киевските власти. „Најважно е што оние кои ги поддржуваат сегашните власти во Киев, треба сепак да се решат што сакаат: тие сакаат нивните клиенти и понатаму да се занимаваат со провокации од таков вид, или сепак сакаат реално мирно решение“, изјави тој.

„А доколку навистина го сакаат тоа, на што јас многу се надевам, тогаш тие треба на крајот на краиштата да преземат некакви реални чекори за да извршат соодветно влијание на сегашните власти во Киев“, потенцираше Путин.

ФСБ на Русија спречи ноќта на 8 август два обида за навлегување на територијата на Крим на диверзантско-терористички групи организирани од Министерството за одбрана на Украина. Притоа обидите за пробив беа прикривани со масовно гранатирање од страна на соседната држава и оклопна техника на вооружените сили на Украина.

Притоа загина војник на МО Русија. При приведувањето на терористите кои подготвувале диверзии на Крим по налог на главната управа за разузнавање на МО Украина, загина припадник на ФСБ Русија.

Притоа портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина Владислав Селезнев ги нарече „провокација“ таквите изјави.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња