Посетата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на Русија зборува за желбата за обнова на дијалогот во име на интересите на народите на двете земји, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува „Интерфакс“.
„Вашата денешна посета, без оглед на многу сложената внатрешнополитичка ситуација во Турција, зборува дека сите сакаме обнова на нашиот дијалог, воспоставување на односите во име на интересите на народите на Турција и Русија“, изјави Путин на средбата со турскиот колега.
Рускиот претседател му предложи на Ердоган разгледување на обновата на економските врски и борбата против тероризмот. „Денеска ќе има можност да поразговараме и во потесен состав, и во поширок, вклучително и за обнова на нашите трговско-економски врски и за соработката на полето на борба против тероризмот“, рече тој.
Од своја страна Ердоган изрази надеж дека Москва и Анкара ќе преземат чекори за проширување на соработката меѓу двете држави. Тој исто така додаде дека Турција ќе биде среќна да биде домаќин на следниот состанок на Советот за соработка со РФ на највисоко ниво. Претседателот Ердоган потенцираше дека на агендата има „навистина многу моменти за билатералните односи и нивниот развој“.
Според Путин, претходните години степенот и природата на односите меѓу Москва и Анкара достигна „високо ниво без преседан“. „Сепак по познатата трагедија, во која загина наш војник во ноември минатата година, тие се спуштија на многу ниско ниво, деградираа“, изјави рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче