Русија ќе ја оспори одлуката на Меѓународниот параолимписки комитет за исклучување на руските спортисти од Параолимписките игри во Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, изјави претседателот на Параолимпискиот комитет на Русија Владимир Лукин.
„Нашата реакција ќе биде правна, ќе го тужиме Меѓународниот параолимписки комитет во Судот за спортска арбитража во Лозана“, изјави Лукин за „Интерфакс“ во неделата.
Според него, може да се очекува дека судот ќе го реши прашањето за параолимписката репрезентација на Русија во корист на спортистите, исто како со одлуката за руската олимписка репрезентација.
„Ние го зборуваме ова изминатиов месец: нас воопшто не нѐ споменуваат во извештајот на Мекларен, освен еден дел каде се вели дека исчезнале ту 35, ту 20 примероци за тестирање. Од каде пак овде Рускиот параолимписки комитет? Зошто тие сметаат дека се самите виновни за тоа помалку, иако имаа поголема можност за пристап до местото каде што се чуваа примероците отколку што имаме ние“, потенцираше првиот човек на ПКР.
Тој истакна дека одлуката на МПК е нејасна „ако се исклучат страничните моменти, вклучително и политичките“.
„Доколку го обвинуваат Рускиот параолимписки комитет за нешто, нека ги формулираат обвинувањата јасно и конкретно. Се исклучува не поради општи обвинувања затоа што сме дел од системот, ами поради тоа некој е виновен за нешто“, додаде Лукин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче