Изгледа дека почетокот на операцијата за ослободување на Алепо ја затекна неподготвена администрацијата на претседателот на САД Барак Обама, како што претходно ја изненади појавата на руските војници во Сирија“, пишува „Вашингтон Пост“.
Државниот секретар на САД Џон Кери веќе повеќе од еден месец ја убедува Москва да се согласи на „мошне поволна“ спогодба за Сирија, но изгледа дека Русија не ги сфати овие преговори сериозно, пишува весникот.
Рускиот лидер има „други желби“: место да се задоволи со „половичната победа“што ја нуди Кери, „Русија заедно со сириската армија води нова воена кампања, обидувајќи се да ги истисне антивладините сили од Алепо“, се наведува во статијата. А ако успеат да ја доведат операцијата до успешен крај, тоа „фактички ќе значи победа во војната“, пишува во статијата.
„Се чини дека Путин повторно ја изненади администрацијата на Обама, како што веќе го стори тоа во септември, кога Русија ја испрати својата војска во Сирија“. Државниот секретар на САД Џон Кери призна дека уште минатата недела му телефонирал на руското раководство и „барал објаснување“ по повод дејствијата во Алепо кои, според него, „како воено лукавство можат да доведат до потполна пропаст на соработката“; но во понеделникот не доби одговор на своите прашања.
Државниот секретар на САД „повторно тврди дека Русија треба да попушти”, инаку ќе мора да се соочи со „сериозни последици“, вклучувајќи го „американскиот план Б“ за Сирија, но, за жал, Москва нема причини да реагира на овие предупредувања.
„Русија упорно продолжува да го игнорира притисокот од американска страна, а Кери секојпат на тоа одговара само со нови повици за соработка и нови отстапки, наместо најпосле да ја натера Русија да ги почувствува сите „последици“ на кои тој веќе повеќепати предупредуваше“, пишува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче