Пратеникот во Народното собрание на Франција од партијата „Републиканци” и копретседател на асоцијацијата „Франко-руски дијалог” Тиери Мариани остро му одговори на еден украински новинар кој фактички го обвини дека е платен од страна на Русија.
„Не го прифаќам вашето прашања, се согласувам да одговорам на секое политичко прашање, на секој политички коментар, но вашето прашање е, отворено кажано, одвратно, и на него нема да ви одговорам и по тој повод изразувам целосен презир“, изјави Мариани на прес-конференцијата коментирајќи го прашањето на претставник на украински медиум за тоа „колку му плаќа руската влада“ за неговиот став за Крим.
„А колку ве плаќаат за да поставувате такви прашања“, му врати Мариани, пренесува „Взгљад”.
„Самиот факт што можете да поставувате такви гнасни прашања овде, во Русија, сведочи за тоа дека Русија е слободна земја. Уште поодвратно е тоа што, да се наоѓаме во Украина, тешко дека би можел да поставам такви прашања“, додаде францускиот пратеник, потврдувајќи дека сега „уште порешително ќе го посетува Крим“.
Мариани исто така изјави дека ситуацијата во врска со Крим постепено се менува и напредува. Францускиот пратеник смета дека е време Западот да го признае фактот дека Крим е дел од Русија.
„Морам да кажам: Крим го одбра овој пат, донесе своја одлука, тоа е одлука што ја донесе мнозинството жители. Тие ја изразија својата волја за својата иднина. Затоа сите во меѓународната заедница го знаат тоа и сега би било подобро ова прашање конечно да се реши, за да можеме, на пример, да се занимаваме со проблемите на Донбас“, изјави Мариани во понеделникот по тридневната посета на делегацијата од 11 француски пратеници на Крим.
„Во секој случај треба најпосле да се признае оваа реалност. Тоа е единствениот начин да се нормализираат односите со Русија“, изјави шефот на француската делегација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче