На костумите на американските олимпијци навивачите го видоа руското знаме

Според мислењето на некои новинари и корисници на социјалните мрежи на костумите на американските олимпијци јасно се гледа руското знаме.

Во медиумите и социјалните мрежи се поведе дискусија за свечените костуми на олимписката репрезентација на САД, во кои спортистите ќе се појават на церемонијата на свеченото отворање на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Според мислењето на некои новинари и корисници на социјалните мрежи, на костумите на американските спортисти јасно се гледа руското знаме. На маичките на спортистите има бели, сини и црвени линии. На тој начин, кога сакото е закопчано, се добива впечаток дека на себе ги носат боите на руското знаме. Како што смета спортскиот новинар Кевин Кадук, иако руското и американското знаме имаат исти бои, не е јасно зошто линиите се распоредени токму на таков начин.

Како што пишува Кадук, сакоата можат да останат и откопчани, но тешко дека американските спортисти ќе сакаат да изгледаат „неуредно“ во очите на меѓународната заедница.

Корисниците на социјалните мрежи со иронија реагираа на костумите на американските спортисти, пренесува РИА „Новости“.

„Да не вмешале повторно прсти руските хакери? Маичката на американската репрезентација за церемонијата на отворањето изгледа како руското знаме“, пишува ‏@UniWatch.

„Изгледа како да облекле сино сако преку руското знаме. Како воопшто го дозволивте тоа?“, се прашува ‏@purplecarnival.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња