Околу 70 руски спортисти заминаа за Рио

Артјом Коротаев / ТАСС
На московскиот аеродром Шереметјево, денес за Рио свечено беше испратен олимпискиот тим на Русија, соопшти „Известија“. На Игрите 2016 година заминаа околу 70 спортисти, вклучувајќи ги и машкиот и женскиот одбојкарски тим, женскиот ракометен тим, како и натпреварувачите во бокс, синхроно пливање и пинг-понг.

На настанот присуствуваше претседателот на Рускиот олимписки комитет Александар Жуков.

„Го чекавме овој ден со нетрпение, возбудени сме. Сами знаете каква е ситуацијата. Но, сега сите сомнежи исчезнуваат: рускиот тим оди на Олимпијадата. Целата земја ќе е возбудена два пати повеќе од претходно“, рече Жуков. Тој изрази увереност во претстојните победи на руските олимпијци.

„Многу сакам спортистите да не подлегнуваат на провокации и на инсинуации, за да ги остварат своите цели. Секој од вас е достоен за награда“, додаде тој.

Жуков истакна дека Рускиот олимписки комитет ќе направи сé што е можно учеството на спортистите во Олимпијадата да е удобно и им посака „успеси, среќа, без повреди и да се вратат со медал“.

Жуков откри дека конечниот состав на Рускиот тим на Олимпијадата во Рио ќе биде објавен на 30-31 јули.

„Во наредните денови ќе кажеме колку вкупно луѓе ќе заминат. Нема конечен состав во двата вида веслање и уште неколку екипи. Но, ние имаме силен тим. Овие спортисти кои се во светската елита, ќе се борат за победа“, рече Жуков.

„Можам да кажам едно: никогаш немало никакви државни програми за поддршка на допинг. Имаме нулта толеранција за допингот“, истакна тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња