Лавров: ИД сака да создаде калифат од Лисабон до Пакистан

„’Рбетот“ на терористичката група ИДИЛ го сочинуваат поранешни високи офицери на војската на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин кои беа распуштени по американската инвазија врз нивната земја во 2003 година, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија во интервју за „Царското православно палестинско друштво“ (Imperial Orthodox Palestine Society) потенцира дека положбата на христијаните на Блискиот Исток поради порастот на екстремизмот и верската нетрпеливост во регионот е загрозена.

„Христијаните во моментов подлежат на многу сериозни прогони на Блискиот Исток, пред сѐ во Сирија и Ирак. Нивниот број во овие земји нагло се намали. Иселувањето на христијаните од регионот каде се родило христијанството би бил, се разбира, огромен удар за целата историја“, истакна Лавров.

Во такви услови РФ вложува посилни напори за заштита на христијанското население во регионот и намалување на степенот на конфликтност. За постигнување на наведените цели Русија ги повикува на заедничка работа и меѓународните организации.

Како што истакна министерот, основна закана за блискоисточните христијани е работата на религиозните фанатици, насочена кон физичка ликвидација на идеолошките противници. Притоа нивна цел не се само христијаните, додаде Лавров.

„Исламската Држава“ не се ограничува на репресии против христијаните. Тие со не помал гнев им ги отсекуваат главите на шиитите, сквернават и рушат како христијански светилишта, така и шиитски. Згора на тоа, спрема сунитите исто така применуваа „посебни критериуми“. Не може да биде секој сунит „прифатлив“ за ИД со неговата идеологија. Сите знаеме дека тие, кои стојат на чело на оваа структура, кој ја инспирираат, воопшто не се побожни луѓе. Тоа се луѓе кои се борат за власт, за територија. ИД прва меѓу другите терористички структури сака да создаде калифат од Лисабон до Пакистан, како што изјавува“, рече Лавров.

„’Рбетот на борбената моќ на ИДИЛ се поранешни генерали на армијата на Садам Хусеин кои беа распуштени од американските сили кога го окупираа Ирак во 2003 година. САД ги распуштија ирачката армија и безбедносните сили, оставајќи ги луѓето кои беа способни да се борат без какви било средства за преживување. Сите добро го разбираат тоа“, изјави Лавров во интерјву за „Царското православно палестинско друштво“ (Imperial Orthodox Palestine Society).

Лавров додаде дека сите лицемерни повици за смена на режимите, вклучително и на сирискиот, доаѓаат од луѓе чија цел е уништување на земји и региони за лична корист, пренесува РТ на руски.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња