Извршниот комитет на Олимпискиот комитет на Русија (ОКР) го утврди составот на националниот тим за учество на Олимпијата 2016 во Бразил, се вели во соопштението објавено на официјалниот сајт на ОКР, пренесува РИА „Новости“.
Разгледувањето на составот на репрезентацијата за Олимписките игри во Рио де Жанеиро беше главната точка на дневниот ред на седницата на извршниот комитет на ОКР. Според одлуката на Извршниот комитет, во делегацијата ќе влезат 387 спортисти, вклучувајќи и 68 атлетичари. Русија ќе биде застапена во вкупно 30 видови спорт. Конечниот список со спортисти за борење во грчко-римски стил ќе биде дефиниран на 22 јули.
Олимписките игри 2016 година ќе се одржат во Бразил од 5 до 21 август.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче