Во текот на изминатите седум месеци руската армија доби околу 40% од оружјето и опремата кои треба да ѝ бидат испорачани во тековната година, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
„Руската војска доби полковски комплет ракетен систем С-400 „Триумф“, бригаден комплет со тактички ракетен систем „Искандер-М“, патролниот брод „Адмирал Есен“ и ракетата-носач од средна класа „Сојуз 2-1б“, истакна генералот на армија.
Војската исто така доби 15 беспилотни летала, 8 радари, 58 авиони и 34 хеликоптери.
Руското Министерство за одбрана веќе доби модернизиран стратешки бомбардер Ту-95 и се подготвува да добие уште седум авиони од овој модел до крајот на годината.
Исто така во август оваа година ќе биде распореден „противракетен чадор“ на Крим. Противвоздушната одбрана ќе добие комплет ракетни системи С-400, кој сега ги поминува последните тестови на воените полигони.
Ракетниот систем е наменет за уништување на авиони на стратешката и тактичка авијација, балистички ракети, хиперсонични цели и други средства за воздушен напад на растојание до 400 километри.
До крајот на 2016 година, исто така, ќе бидат ставени во функција повеќе од 600 објекти на воената инфраструктура и четири илјади градби, изјави министерот за одбрана на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче