Медведев за терористичкиот напад во Ница

Сергеј Савостјанов / ТАСС
По ужасниот масакр на шеталиштето во францускиот град Ница, премиерот на Русија Дмитриј Медведев оцени дека меѓународната заедница на ваквите предизвици мора да реагира со заеднички сили.

Тероризмот, како што е познато, не познава граници и претставува општ предизвик и за Европа и за Азија. Во овој момент, за жал, има 80 загинати, а меѓу нив има деца и голем број туристи. Според медиумските извештаи меѓу загинатите има државјани на Европската Унија и на Русија. Ова е исклучително тажен настан, изјави рускиот премиер на пленарната седница на самитот на европските и азиските лидери во Монголија.

„Мораме заедно да ги побараме општите одговори на ваквите предизвици, да покажеме солидарност и да преземеме сè што е можно во борбата против тероризмот. Згора на тоа што терористите и нивните спонзори го разбираат само јазикот на силата, па затоа мораме и да ја употребиме“, рече Дмитриј Медведев.

Во францускиот град Ница сношти камион тежок 19 тони влета меѓу шетачите на ривиерата собрани со намера да го прославата националниот празник на слободата Денот на падот на Бастилја и да го видат огнометот. Според очевидец, терористот возел низ масата безобѕирно, газејќи се пред себе, а потоа излегол и почнал да пука на шетачите.

Напаѓачот е убиен во престрелка со полицијата, а во страшниот масакр, според последните податоци, загинале 84 лица, пишува РИА Новости.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња