Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изрази сочувство на семејствата на загинатите и на повредените при терористичкиот напад во францускиот град Ница во петокот (15 јули), пренесува ТАСС.
„Масовното убиство во Ница е хорор кој се претвори во реалност. Изразувам сочувство за загинатите, испраќам поддршка на повредените и особено на оние кои се борат за живот - според последните податоци 18 лица се во критична состојба“, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил.
„Неопходно е да се бориме не против 'хибридните закани', ами против реалните“, додаде таа. „И треба да го направиме тоа заедно, бидејќи сите сме еднакви кога загинуваме како резултат на тероризам и екстремизам. Време е да направиме нешто за разликите да се разјаснуваат пред, а не по слични трагедии“, истакна таа.
Во четвртокот вечер, камион помина низ толпата од луѓе за време на прославите за Денот на падот на Бастилја во францускиот град Ница. Според последните извештаи, 84 луѓе биле убиени во нападот, а десетици се повредени, 18 лица се во критична состојба. Возачот е застрелан од полицијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче