Кремљ го коментираше новитетот од Nintendo – играта Pokémon GO, која веќе ги сруши сите рекорди по популарност во многу земји ширум светот: „Покемоните не се повод за посета на Кремљ, ризницата на светската култура“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Така тој одговори на прашањето на новинарите за ставот на Кремљ во однос на тоа што луѓето ќе почнаат да бараат на негова територија „покемони“ од играта. Притоа Песков додаде дека „Кремљ е несомнено отворен, без оглед на тоа што таму е резиденцијата на шефот на руската држава“, играта е „ако не грешам“, засефга недостапна во Русија.
Pokémon GO е засега официјално достапна само во САД, Австралија и Нов Зеланд, но бројот на нејзини корисници речиси се изедначи со бројот на посетители на Твитер, а во пребарувачот Гугл нејзиниот назив ги надмина пребарувањата како што се „Brexit», новите „Војна на ѕвездите“ и терористичките напади во Париз.
Играта за мобилни платформи е спој од виртуелна реалност и популарната јапонска франшиза од 1990-те. Таа става на реална карта дополнителен слој со расфрлани покемони и платформи за нив, ги тера играчите да се тркаат по малечки чудовишта на работното место, на улица или во супермаркет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче