„НАТО од студена војна почна подготовка која ќе ја претвори во жешка. Целата реторика во Варшава просто плаче за стремежот да ѝ се објави војна на Русија. Тие само зборуваат за заштита, а фактички вршат подготовка за офанзивни дејствија“, изјави Горбачов, пренесува „Взгљад“.
„Сите народи, ООН, Советот за безбедност на ООН треба цврсто да реагираат за да се запре она што се случува“, додаде тој. Според него, варшавскиот самит ја покажал криза на внатрешната и надворешната политика на партнерите на Русија.
Во февруари Горбачов исто така изјави дека Русија не треба да применува сила, туку треба соодветно да реагира на намерата на НАТО да го засили военото присуство во Источна Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче