САД: Европа да се помири со проблемите поради антируските санкции

САД повеќе би сакале да не воведуваат санкции против Русија, изјави заменик-советникот на претседателот на САД за национална безбедност Бен Родс.

Без оглед на проблемите поради санкциите против Русија со кои се судрија некои земји во Европа, режимот на ограничувања е неопходно да биде поддржан. Ова го изјави заменик-советникот на претседателот на САД за национална безбедност Бен Родс, пренесува „Лента.ру“.

„Признаваме дека некои земји чувствуваат компликации поради санкциите. Тоа не е нова динамика“, изјави Родс, уверувајќи дека САД повеќе би сакале да не воведуваат ограничувања против Москва.

Претставникот на Белата куќа истакна дека Вашингтон го дели стремежот на европските партнери кон соработка со Русија. „Меѓутоа таа треба да ги исполни своите обврски (за Украина), додаде тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња