МНР РФ вети одговор на засилувањето на военото присуство на НАТО на исток

Русија не гледа во НАТО или во неговите членки непријател или закана, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков.

Лидерите на земјите-членки на НАТО на самитот во Варшава ќе донесат одлука за распоредување врз ротациона основа четири мултинационални баталјони во балтичките земји и Полска. Освен тоа, се вели во материјалите на НАТО за самитот, „мултинационална рамковна бригада во Романија ќе обезбеди адаптирано присуство во југоисточна Европа“.

Заменик-министерот за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков во интервју за „Интерфакс“ предупреди дека зголемувањето на воениот потенцијал на Алијансата на источното крило нема да остане без одговор од страна на Русија.

„Досега невидената воена активност и засилувањето на воениот потенцијал на пактот во близина на руските граници, создавањето европски сегмент на глобалната ПРО на САД неизбежно нѐ принудуваат да преземеме дополнителни мерки за зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, изјави Мешков.

„Без оглед на отворените непријателски активности на НАТО и „скокотливата“ антируска реторика, ние како и претходно не ја гледаме Алијансата и нејзините земји-членки поединечно како противници или закана“, истакна заменик-министерот за надворешни работи на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња