Медиум: Германија сака да ги обнови поранешните односи со Русија

Во Германија се бара враќање на ерата на „шредеризмот“, кога односите меѓу Берлин и Москва беа на највисоко ниво, пишува „Форин Полиси“.

Многу високопоставени германски функционери сакаат да ги обноват односите меѓу Германија и Русија и по можност да ги вратат на нивото на кое се наоѓаа во времето на канцеларот Герхард Шредер, пишува „Форин Полиси“.

Без оглед на тоа што на власт се наоѓа Ангела Меркел, во политичките кругови во Германија расте влијанието на нејзиниот претходник. Се шири појава која може да се нарече „шредеризам“. Според тој концепт, Берлин има потреба од „посебни односи“ со Москва и треба да стори сѐ што може за да ги зачува, истакнува изданието.

Како дел од приврзаниците на овој став се наведени министерот за економија и енергетика на Германија Зигмар Габриел и шефот на германската дипломатија Франка-Валтера Штајнмаер, затоа што за нив нормализацијата на руско-германските односи е долгорочна цел. Така, на пример, Габриел редовно зборува за потребата од укинувањето на санкциите против Русија и искажува поддршка на проектот „Северен тек 2“, а германското МНР критички  го оценува засилувањето на присуството на силите на НАТО во Источна Европа.

„Западните сојузници на Германија беа подготвени да поверуваат дека ерата на „шредеризмот“ дојде до крајот. Сепак, по кратка пауза таа сепак се врати“, заклучува изданието. По почетокот на заострувањето на односите пролетта 2014 година, можеше да се каже дека заладувањето меѓу двете земји ќе трае долго, но ситуацијата постепено се смени.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња