Германското издание Die Welt на 4 јуни извести дека ресорите на Германија подготвуваат нова редакција на „Белата книга“, официјален документ за прашањата поврзани со безбедноста на земјата. Во проектот се укажува дека Русија не е „приоритетен партнер“, како што беше случајот во сегашната редакција од 2006 година, ами дека истапува како ривал на ФРГ“.
Промената на приодот се објаснува со дејствијата на Москва, насочени кон „насилно обезбедување на своите интереси“ на Крим и на истокот од Украина, „нарушување на меѓународното право“, „еднострана промена на границите“ „Без фундаментална измена на курсот, Русија во блиска иднина ќе претставува предизвик за безбедноста на нашиот континент“, подвлекуваат авторите на проект-текстот на документот.
Во Кремљ информацијата за новата содржина на „Белата книга“ не помина незабележано, при што беше изјавена дека таа предизвикува „жалење и загриженост“. Ваквата позиција, секако, може да доведе до определени конфротациски дејствија, а тоа во ниту еден случај нема да придонесе кон односи на заемна доверба и на соработка“, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.
Познато е дека Русија се грижи за своите врски со Германија, кои, според мислењето на некои експерти за Москва се „потпорни“ уште од крајот на шеесеттите години од минатиот век. На ваквиот фон оценките што се содржани во проектот на „Белата книга“ не можат да не ги вознемират руските власти.
Но, самата германска страна повика да не се избрзува со заклучоци. Како што подвлече амбасадорот на ФРГ во Русија Ридигер фон Фрич, „Белата книга“ сè уште не е објавена. „Ајде да не обрнуваме внимание на пропагандата...“, изјави амбасадорот, без да појасно на чија пропаганда мисли. Многу поопределена изјава даде министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен. Според неа, во новата доктрина нема да бидат содржани зборовите „соперник“ или „противник“: во однос на Москва Берлин „има работа со предизвик“.
Некои од руските експерти уште на почетокот повикаа да не се драматизира информацијата на Die Welt. Владислав Белов, првиот човек на Центарот за германски истражувања на Институтот на Европа, уверува дека во документот воопшто не станува збор за противник, ами за конкурент. Притоа новите определувања експертот ги поврзува исклучиво со желбата на германскиот одбранбен ресор за сметка на „руската закана“ да го зголеми својот буџет. Сепак, и тој признава дека односот на Германија кон Русија се менува. Берлин сега ја чувствува Москва како предизвик, што е најглавно во целата приказна околу новата редакција на „Белата книга“.
Што менува позицијата на Германија кон Русија во односите на двете земји? Имајќи ја предвид важноста на овој документ, како „оценка на претензиите на стратешкото значење“, проектот на „Белата книга“ сведочи за напреднувањето на Берлин кон страната на атлантизмот (потесни врски со САД), претпоставува Фјодор Лукјанов, главен уредник на изданието „Русија во глобалната политика“. Сепак ваквиот избор, кој ќе доведе до позатегнати односи со Русија, сè е уште не е конечно направен. Во Германија, според експертот, се води борба за стратешкиот курс на земјата.
Како што изјави за „Руска реч на македонски“ научникот и прв човек на Советот за надворешна и одбранбена политика, влијателна НВО, Сергеј Карганов, ваквата борба навистина се случува. Дел од германскиот естаблишмент – опкружувањето на канцеларката Ангела Меркел – „сака заострување на односите со Русија и поголема еднаквост со САД“. Последниве, од своја страна, ги туркаат Европејците кон „структурирана воена конфронтација во Европа“. Сепак, освен ова, во односите со Русија, Берлин има и поамбициозна задача. Користејќи ја конфронтацијата со Москва, Германија се стреми да ја „насочи енергијата внатре, на спасувањето на нестабилната ЕУ и разединетото [во услови на сложена економска ситуација и на криза со миграцијата] германско лидерство“.
Некакви брзи практични последици од измената на приодот на Берлин кон Русија не треба да се очекуваат, смета Лукјанов. „Белата книга“ не претставува патоказ за директно дејствија, ами определена општа определба, забележува експертот. Сепак, во перспектива може да се очекува дека Берлин ќе игра поактивна улога во НАТО со цел да ги зацврсти своите воени можности и можностите на алијансата. Германија ќе го искористи „рускиот фактор“ за обновување на својот статус како воена држава, кој таа го изгуби по 1945 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче