На самитот во Варшава ќе бидат донесени одлуки кои укажуваат на преминување на Алијансата на политика на одвраќање и заплашување на Русија, смета членот на Граѓанскиот совет при Министерството за одбрана на РФ, главен уредник на списанието „Национална одбрана” Игор Коротченко.
„Една од главните одлуки на самитот, како што се очекува, ќе биде одобрување на планот за распоредување на четири мултинационални баталјони на силите на НАТО во балтичките земји и Полска. Се работи за најсериозното зајакнување на силите на Северноатлантската алијанса на границите на Русија од времето на „студената војна“.
„Главната содржина на самитот на НАТО е преминување од политиката на партнерство со Русија на политика на одвраќање и заплашување на Русија“, изјави Коротченко за РИА „Новости”.
„Што се однесува до конкретните одлуки, ќе бидат усвоени планови пред сѐ во врска со стационирањето на единиците на НАТО на територијата на Летонија, Литванија, Естонија и Полска. Сместувањето таму на првите четири баталјони значи дека таму ќе биде создадена за нив соодветна воена инфраструктура. Тоа се нови бази, аеродроми, систем на командни пунктови и центри за управувањ, нови магацини со оружје и воена техника, наменети за брзо распоредување на вооружени сили“, додаде тој.
Според него, во случај во Брисел да биде донесена соодветна политичка одлука, можно е на оваа инфраструктура во рок од неколку дена да пристигнат десетици дивизии, воздухопловни сили на земјите на НАТО. Таму може да биде префрлено и американско тактичко нуклеарно вооружување и распореден систем со ракетно и високопрецизно вооружување.
„На тој начин, во случај САД и НАТО да почнат да реализираат вакви планови, ние во истиот момент ќе видиме концентрација на високо мобилна формација на НАТО на западните граници на Русија. А овие четири баталјони за кои се зборува денеска, тоа е првиот пион кој засега се воведува во големата военополитичка игра против Русија. Потоа во игра ќе влезат поголемите, потешки и поопасни фигури“, истакна Коротченко.
Експертот смета дека во новите услови Русија треба да осмисли и реализира возвратен комплекс мерки за одвраќање, за НАТО да не падне во искушение да употреби воена сила како фактор на притисок и заплашување на Русија.
„Јасно е дека на северозападните граници на Русија ќе бидат распоредени нови дивизии, одлуката за тоа е веќе донесена и најавена. До 2018 година, кога во Полска ќе биде распореден реон на американската противракетна одбрана, ќе мораме во Калининградската област да распоредиме „Искандери“, за да ги имаме на нишан објектите за ПРО на САД на полска територија“, изјави Коротченко.
„Исто така, за да ги неутрализираме објектите на американската ПРО во Романија треба на еден од аеродромите на Крим да распоредиме полк бомбардери Ту-22М3 и да го забрзаме воведувањето на нови бродови и подморници кои можат да носат крстосувачки ракети „Калибар“ во составот на Црноморската флота”, додаде стручњакот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче