Се подготвува терен за предизвикување нова „обоена револуција“, овојпат во Македонија, изјави Марија Захарова на денешниот брифинг во Сочи и додаде дека за тоа се користи како и обично агресивно малцинство платено однадвор.
„Политичката криза во Македонија се најде во ќорсокак, а меѓународната заедница на чело со Америка и Германија, судејќи според сѐ, реши да ги земе работите во свои раце, коментира „Спутник“.
„По речиси две години криза во таа држава, работите не се поместија од мртва точка. Договорот од Пржино на четирите клучни македонски партии за одржување на избори е практично пропаднат, а изборите на барање на опозицијата се одложени веќе двапати. Владата на Никола Груевски беше распуштена и формирана беше преодна влада со опозицијата. Тогаш и таа преодна влада беше распуштена, па отповикана, затоа што опозицијата одби да излезе на избори. Демонстрациите на опозицијата за смена на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов стана секојдневие, а после сѐ не е јасно кој всушност ја има власта во Македонија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче