Русија ќе се соочи со почести излети на НАТО во Црното море поради зголемениот интерес на Алијансата за овој регион, предвидува американската воено-аналитичка компанија „Стратфор“.
Според нивниот извештај, во најскоро време борбата за влијание во овој стратешки важен регион „несомнено ќе се заостри“.
Откако во 2014 година Крим влезе во составот на Русија, рамнотежата на силите во Црното море се смени. Украина, според авторите на извештајот, е „истисната од арената“, а Москва ја зајакна својата флота во регионот.
„Меѓутоа, стратешката важност на оваа акваторија порасна во очите на НАТО кои се стремат да ја засили политиката на одвраќање на Русија во Европа“, пишува „Стратфор“.
Тоа е и една од причините што на самитот на НАТО на 8-9 јули во Варшава ќе се дискутира за можноста за засилување на заедничките воено-поморски сили на Алијансата во Црното море, објаснуваат аналитичарите.
Меѓутоа, сите земји-членки на НАТО од Црноморскиот регион не се подготвени да го поддржат зголемувањето на силите на Алијансата: Романија е силен приврзаник, но Бугарија и турција не сакаат непријателство со Русија, се вели во статијата.
Аналитичарите ги споредуваат воените морнарици на Русија и земјите на НАТО во регионот. Според бројот на бродови Русија заостанува, меѓутоа таа има други предности – на пример, во воено-поморската авијација. Освен тоа, Москва активно ја модернизира флотата, вклучително и подморниците.
Во суштина, Москва повеќе нема да може да смета на Конвенцијата од Монтре – НАТО ќе бара начини да ги заобиколи ограничувањата и да обезбеди лидерство на своите Воено-поморски сили во регионот, сепак позицијата на РФ на Кримскиот полуостров ѝ дава сериозна предност пред НАТО, заклучуваат аналитичарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче